Македонија Tопло време со умерена облачност

Tопло време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени.УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 Целзиусови степени.