Македонија Топло време со температура повисока и од 40 степени

Топло време со температура повисока и од 40 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 15 до 22 Целзиусови степени, а дневната температура од 30 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 19 Целзииусови степени, а дневната до 38 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе надминува 35 Целзиусови степени, а на места долж Повардарието ќе надмине и 40 Целзиусови степени.