Македонија Топло време, но со северозападен ветер

Топло време, но со северозападен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец.

Температурата ќе се движи од минус 5 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје сончево со температура од минус 2 до 18 Целзиусови степени.

Утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Во недела ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.