Култура Тони Михајловски, нов уметнички директор на МНТ

Тони Михајловски, нов уметнички директор на МНТ

За нов уметнички директор на Македонскиот народен театар, од денеска е поставен актерот Тони Михајловски. Тој доаѓа на оваа функција на местото на Дејан Пројковски, кој само еден месец беше директор на најголемата национална театарска институција во Македонија.

Оваа е прва ваква висока раководна функција на Михајловски од неговото вработување во МНТ, во 1994 година.