Свет Токсичен облак над најголемото бразилско пристаниште

Токсичен облак над најголемото бразилско пристаниште

Облак од токсичен гас се надвил над најголемото бразилско пристаниште Сантос по експлозија во складиште на една компанија од хемиската индустрија, а градоначалникот ги предупреди граѓаните да го избегнуваат дождот кој би можел да им предизвика изгореници.

Сопствениците на компанијата рекоа дека контејнерите биле полни со киселини и со средства за дезинфекција, кои според нивна проценка дошле во допир со дождовница, по што настанала хемиска реакција.

Терминалот за претоварање и околните куќи се евакуирани, а жителите се повикани да останат во своите домови.

Неколку лица побарале лекарска помош поради тешкотии со дишење.

Со контејнерскиот терминал управува логистичката компанија „Локалфрио“, а сместен е во Гуаруј, подрачје во источниот дел на Сантос.