Македонија Тинејџер од Кавадарци фотографирал туѓи картички во соблекувална, па пазарел онлајн

Тинејџер од Кавадарци фотографирал туѓи картички во соблекувална, па пазарел онлајн

Вкупната сума на неговите нелегални трансакции изнесува 200 евра

Фото: Мета.мк

Кавадарчанец стар 17 години во текот на минатиот месец во два наврати во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци, ги фотографирал банкарските картички на двајца негови сограѓани, а потоа вршел онлајн трансакции со броевите од картичките, соопшти МВР. Вкупната сума на неговите нелегални трансакции изнесува 200 евра.

Првиот инцидент се случил на 23 јануари годинава, при што 45-годишниот сопственик на картичките бил „олеснет“ за 8.948 денари. Во вториот инцидент, само три дена подоцна, жртва бил 42-годишен кавадарчанец. Со неговите „картички“ тинејџерот извршил повеќе трансакции во вкупна вредност од 3.300 денари.