Економија Тевдовски: Целта ни е да ја победиме нееднаквоста

Тевдовски: Целта ни е да ја победиме нееднаквоста

Претседателот на Комисија за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, на денешната прес-конференција изјави дека нивна цел е да се победи нееднаквоста во општеството и да се врати средната класа.

Тој потсети на четирите столба од „Визијата за Македонија“.

–  Првиот столб спречува злоупотреби на државните ресурси од малата група луѓе на власт. Вториот столб овозможува прераспределба на доходот од најбогатите кон мнозинството осиромашени граѓани. Третиот столб обезбедува фер плати и вработување преку државна поддршка на домашните претпријатија. Четвртиот столб овозможува подигнување на најважните сфери во општеството, како образованието и здравството по успешни европски модели – изјави Тевдовски.

Како што најави тој, партијата работи и на петтиот столб, „Градиме едно општетство“.