Дописници Тешка кражба во манастирот „Св. Богородица Пречиста“

Тешка кражба во манастирот „Св. Богородица Пречиста“

Непознат сторител ноќеска извршил тешка кражба во манастирот „Св.Богородица Пречиста“ кај Кичево, соопшти портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Украдени се три сребрени крста, еден манастирски печат и едно резбано сребрено ковчеже, со мошти од свети Параскева.

Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот, откако претходно насилно и со соодветен алат биле скршени цилиндарот од металната решетка на вратата и резето од помошната просторија.

Сторителот, насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот, се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории насилно, а потоа ја отворил и дрвената врата за влез во олтарот. Оттука ги одзел трите крста и другите предмети, по што преку малата црква „Св.Никола“, која е составен дел од манастирот, избегал.

Екипи на полициската станица во Кичево извршија увид на местото на настанот и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

В.М.