Свет Свет Терористите преговараат: Киднапираниот Хрват доби нови 48 часа живот

Терористите преговараат: Киднапираниот Хрват доби нови 48 часа живот

Терористите го продолжија рокот за уште 48 часа за египетските власти да ги исполнат нивните барања, во замена за Хрватот Томислав Салопек, кој беше киднапиран во Каиро, јавуваат египетските медиуми.

Веќе истекоа првично дадените 48 часа, а до ваквиот расплет на ситуацијата дојде по одлуката на египетското министерство да ја разгледа понудата од терористичката група.

Исто така, часовникот, кој на еден од форумите на Исламска држава ги одбројуваше последните два дена, е отстранет.

Египетските власти забрзано работат на негово лоцирање, а според последните информации, пронајден е и автомобилот од кој беше киднапиран.

Египетските џихадисти на Исламската држава пред неколку дена го киднапираа Томислав и се заканија дека ќе го убијат доколку египетските власти не ги ослободат уапсените муслиманки.