Свет Балкан Терористите од Брисел сакале да нападнат нуклеарна централа

Терористите од Брисел сакале да нападнат нуклеарна централа

Бомбашите самоубијци од Брисел, браќата Халид и Ибрахим ел Бакрау, планирале да ја нападнат белгиската нуклеарна централа, јавува весникот „Дерниер хеуре“.

Весникот наведува дека апсењето на парискиот напаѓач, Салах Абдеслам, им ги забрзало плановите на терористите.

Браќата поставиле скриена камера пред домот на директорот на истражувачката програма на белгиската нуклеарна централа, вели весникот.

Доказите што ги собрале властите покажуваат дека истата терористичка ќелија стои зад нападите во Париз, извршени минатата година во ноември, а во кои загинаа повеќе од 130 лица. Во нападите во Брисел загинаа 32 лица, а повредени се 270.

Полицајците за време на рациите пронашле видеоматеријали, во траење од повеќе од 12 часа, на кои е снимено движењето на директорот на белгиската нуклеарна централа. Истрагата покажала дека браќата бомбаши ги поставиле камерите и оти метата на терористите „сериозно ја загрозила националната безбедност, како никогаш досега“, пишува весникот.