Свет Европа Терористички напад во Грозни, убиени седум напаѓачи

Терористички напад во Грозни, убиени седум напаѓачи

Седум терористи и шест полицајци се убиени, откако група напаѓачи утрово нападнале полициска станица во главниот град на Чеченија, Грозни, а потоа се засолниле во издавачка куќа во центарот на градот, пренесуваат руските медиуми.

Речиси половина од осумкатницата, во која е сместена издавачката куќа, е запалена во операцијата на антитерористичките единици, предводена лично од претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров.

Како што пренесуваат руските медиуми, неколкумина од напаѓачите се засолниле и во училиште во центарот на градот и во тек била акција на безбедносните служби за нивна неутрализација.

Според претседателот Кадиров, напаѓачите планирале да изведат терористички напад во земјата на 12 декември, кога е денот на уставот на Чеченија.