Свет Европа Тереза Меј повика на предвремени избори во Британија на 8 јуни

Тереза Меј повика на предвремени избори во Британија на 8 јуни

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, денеска изненади со повик за одржување предвремени парламентарни избори на 8 јуни, велејќи дека го сменила ставот да не се одржуваат такви избори за да се обезбеди стабилност во текот на преговорите за Брексит.

За да се одржат предвремени избори, во Долниот дом на Парламентот на утрешната седница ќе мора ваквото решение да се изгласа со двотретинско мнозинство.

По повикот од Меј, почна да се зголемува вредноста на британската фунта.

Изборите ќе се одржат речиси една година по референдумот за истапување на Британија од ЕУ.