Свет Европа Тереза Меј очекува Брексит да се одвива непречено

Тереза Меј очекува Брексит да се одвива непречено

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека се надева дека процесот за излегување на Велика Британија од Европската Унија ќе помине „непречено“.

Таа наведе дека очекува дека ќе бидат гарантирани правата на граѓаните на ЕУ кои веќе престојуваат во Велика Британија.

Меј повтори дека ќе го почне официјалниот процес за излегување од ЕУ со членот 50 од Лисабонскиот договор најдоцна до март следната година.

Британската премиерка изрази надеж дека периодот по Брексит, Велика Британија и ЕУ ќе имаат „зрел однос на соработка каков што имаат блиски пријатели и сојузници“.

Британската влада денеска соопшти дека не е прифатливо во парламентот да се одржи второ гласање за излегување на земјата од ЕУ, но дека пратениците ќе имаат улога во следење на процесот.

– Парламентот секако ќе следи како се одвива процесот. Тоа е апсолутно неопходно и исправно – изјави портпаролката на британската влада.