Свет Балкан Тепачка во турскиот парламент

Тепачка во турскиот парламент

Во турскиот парламент, за време на расправата за новите овластувања на претседателот, изби тепачка.

Пратеничката Фатма Каплан од владејачката Партија на правдата и развојот, сакала да го сними гласањето со својот мобилен телефон. На пратениците од опозициските партии тоа не им се допадна, па прво се туркаа, а потоа и се степаа со своите колеги.

Новите уставни промени ги прошируваат овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а со нив тој ќе може да именува и да разрешува министри, да го избира раководството на партиите и да се кандидира уште двапати за претседател.
За овие промени на турскиот устав, потребна е поддршка од 330 пратеници од вкупно 550 колку што има во Собранието.