Македонија Тепачка на гласачко место во Бутел

Тепачка на гласачко место во Бутел

На гласачко место во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје утрово во 10 часот се степале двајца гласачи. Гласачите се отстранети од местото и гласањето продолжило непречено.

Тепачката се случила во училиштето, по што реагирало полициското обезбедување, кое не ги привело, туку само направило записник.

Двајцата гласачи се поткачиле на разминување и почнале да се туркаат, по што си размениле и тупаници.

Училиштето се наоѓа меѓу општините Бутел и Чаир и таму гласаат жителите од двете општини.