Хроника Тепачка меѓу мигранти во Ваксинце, еден тешко повреден

Тепачка меѓу мигранти во Ваксинце, еден тешко повреден

Синоќа, околу 22.35 часот жител на кумановското село Ваксинце пријавил тепачка во која учествувале 10 до 15 мигранти. Во меѓувреме, од кумановската болница во полициската станица во градот било пријавено дека кај нив бил донесен 25-годишен државјанин на Пакистан со повреди од остар предмет во градниот кош.

Поради сериозноста на повредите, Пакистанецот, како итен случај, бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Екипа на кумановската полиција извршила увид на местото на инцидентот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.