Свет Балкан Тепачка меѓу бегалците на Хиос

Тепачка меѓу бегалците на Хиос

По судирите на Идомени и Пиреа, ноќеска избувна нов инцидент и физичко насилство, овој пат во бегалскиот центар на островот Хиос. Според информациите, повторно дошло до кавга меѓу бегалци од Авганистан и Сирија доцна ноќеска.

Во кавгата која брзо ескалирала во физички судири двајца бегалци биле нападнати и прободени со нож, а многумина имаат сериозни повреди на рацете и нозете. Двајцата се пренесени веднаш во болница. Во тепачката биле причинети и материјални штети на објектот на бегалскиот центар, а скршени биле и голем дел од креветите во внатрешниот дел на центарот.

Со цел да стави крај на инцидентот полицијата употребила шок-бомби ја растерување на толпата. Полицијата на островот веќе и има побарано Атина да испрати специјални полициски сили кои би помогнале да се избегнат или подобро би реагирале во овие случаи.
Поради физичките судири од островот се повлекува хуманитарната организација Доктори на светот.