Македонија Температурата утре ќе падне за осум степени

Температурата утре ќе падне за осум степени

Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните делови, а на планините врнежите ќе бидат од снег, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија.

Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток, каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени.

В недела преку денот ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините.

Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.