Економија Телевизиските и филмските продукции бараат исплата на бруто-плати од државата

Телевизиските и филмските продукции бараат исплата на бруто-плати од државата

Фото: Арбнора Мемети

Здружението на компании за организација, реализација и поддршка на настани, телевизиски и филмски продукции бараат исплата на бруто-плата за цел период на траење на пандемијата, односно до укинување на забраната за одржување јавни собири и исплатата да почне да важи од март, бидејќи како компании се затворени уште од крајот на февруари.

Од таму велат дека е загрозена целата креативна индустрија во државава која вклучува голем број останати сектори и поединци.

„Ние немаме можност за онлајн или шалтерска продажба, а нашите компании во моментов се под клуч и се со промет од нула денари,“ рече на прес-конференција Петар Георгиевски-Камиказа од „Евент индустрија“ во име на сите компании во здружението.

Тој додаде дека се засегнати околу сто компании од овој сектор и околу 400 вработени, но се работи за над илјада ако се земат предвид сите актери, како и новинари и луѓе за односи со јавност, кои работат за хонорари.

„Ние ќе ги сносиме сите останати трошоци кои опфаќаат плаќање кирии, ДДВ кон државата и сите останати давачки,“ додаде Георгиевски.