Свет Талибанците зазеле половина од градот Кундуз

Талибанците зазеле половина од градот Кундуз

Талибанците зазеле половина од градот Кундуз, по повеќечасовни борби со авганистанските сили за безбедност.

Портпаролот на провинциската полицијата, Сајед Сарвар Хусаини, изјави дека милитантите освоиле повеќе владини згради, вклучувајќи ги болницата и судот.

Двете страни имаат загуба, потврди полицијата.

Градот, кој има околу 300.000 жители, од април е средиште на жестоки борби бидејќи талибанците сакаат да ја вратат територијата што ја контролираа НАТО-војниците до нивното повлекување од Авганистан.