Свет Талибанците ослободија Канаѓанец по пет години заложништво

Талибанците ослободија Канаѓанец по пет години заложништво

Канаѓанецот Колин Рутерфорд, кого талибанците го киднапираа во Авганистан пред пет години, е ослободен, соопштија денеска канадските власти.

Началникот на авганистанската полиција, Аминулах Амаркил, рече дека киднапираниот вчера е пуштен на слобода во провинцијата Газни, се наведува во соопштението.

Рутерфорд е киднапиран во ноември 2010 година во Авганистан, каде престојувал како турист, но беше обвинет за шпионажа.

Канадската амбасада во Кабул не откри детали, а не е познато дали Рутерфорд во меѓувреме го напуштил Авганистан.

Талибанците потврдија дека катарските власти посредувале во ослободувањето на Рутерфорд.