Главна секција Талески куртули од притвор, но остана без пасош

Талески куртули од притвор, но остана без пасош

Судијата го одби барањето на СЈО за притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој денеска два часа беше на распит во Кривичниот суд, како првоосомничен во случајот „Транспортер“.

Сепак, како што информираат од судот, на Талески му е одземен пасошот.

„Во врска со предлогот за определување мерка притвор против осомничениот В.Т., кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО), во јавноста познат како „Транспортер“, судија на претходна постапка по разгледување на предлогот донесе решение со кое истиот е одбиен, а е определена мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа на осомничениот“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Специјалното јавно обвинителство има рок од 24 часа да поднесе жалба до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на одлуката на судијата на претходна постапка.

Талески со уште 22 лица се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола.