Дописници Талески исплашен од герила-акција, не се појави на настан

Талески исплашен од герила-акција, не се појави на настан

Група битолчани од движењето „Јужен фронт“ го чекаа битолскиот градоначалник Владимир Талески во селото Логоварди за да му приредат нова герила-акција, но тој не се појави на настанот иако беше најавено неговото присуство и беа повикани новинарите од неговата прес-служба.

Млади битолчани со транспаренти се подготвуваа да го изненадат Талески и да му порачаат да се „навикне на тесен простор до крајот на животот“ бидејќи тоа му го порачала и специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Во селото Логоварди Талески требаше да присуствува на отворање на сенаменско игралиште, а домаќините имаа подготвено и говор да го пречкаат градоначалникот, па во обраќањето го поздравија, иако тој не беше таму.