Македонија Талат Џафери: Право на медиумите е дали ќе ги остранат прислушуваните материјали

Талат Џафери: Право на медиумите е дали ќе ги остранат прислушуваните материјали

„Со тоа што законот за забрана за објавување и за располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите го пуштив во собраниска процедура на 6 октомври, немав никаква намера, ниту да ги запрам преговорите, ниту да направам некаква штета. Го поднесов затоа што преговорите одеа добро и се очекуваше завршница и мислев дека наредниот ден заедно со изборниот закон ќе се изгласа и овој“, изјави денека во Собранието, Талат Џафери, еден од поднесувачите на спорниот закон за мораториум на „бомбите“.

Тој вели дека право на медиумите е дали, кога ќе се донесе законот, ќе ги отстранат овие материјали од нивните веб-страници.

На прашањето зошто законот за свиркачи не беше поднесен зедно со законот за мораториум на „бомбите“, тој рече дека опозицијата зела обврска да го подготви тој предлог-закон.

За шпекулациите што вчера се појавија во медиумите, дека ако до 20 октомври не се донесе законот, тој нема да го поддржи изборот на министри на СДСМ во владата, Џафери одговори дека не сака да зборува хипотетички.