Македонија Таксистите бараат законите да се прилагодат на реалните состојби со такси-превозот

Таксистите бараат законите да се прилагодат на реалните состојби со такси-превозот

Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнале со претставници на Асоцијацијата на такси-превозници.

Претставниците на асоцијацијата, во името на 53 такси-компании од Македонија, ги кажале проблемите со кои се соочуваат во својата работа и побарале измени во постојната законска регулатива и нејзино прилагодување на реалните состојби во такси-превозот.

Заев ги повикал претставниците на асоцијацијата, преку постојана и интензивна комуникација, со свои предлози да придонесат за изработка на ефикасно и заедничко прифатливо законско решение.