Свет Таксисти се обиделе да се самоубијат во Пекинг

Таксисти се обиделе да се самоубијат во Пекинг

Триесетина таксисти од Пекинг се обиделе да се самоубијат пиејќи отров во знак на протест поради новите владини мерки за такси-превозниците.

Како што јавуваат кинеските медиуми, таксистите се пронајдени онесвестени на паркиралиште пред трговски центар во Пекинг. На некои од нив, кои се затруле се пестициди, од уста им излегувала пена. Ниту еден од затруените не е во животна опасност.