Свет Балкан Тачи: Гласините дека Германија дели работни дозволи, причина за бранот азиланти

Тачи: Гласините дека Германија дели работни дозволи, причина за бранот азиланти

Косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, изјавил дека причина поради која десетина илјади косовски граѓани побарале азил во западните држави била гласината дека Германија на голема врата дели работни дозволи, пренесуваат српските медиуми.

– Тоа е апсурд, но доведе до тоа голем број луѓе да патуваат за Германија. Дури некои косовски медиуми, во јануари, објавија стории за луѓе кои во Германија, наводно, добиле стан и работна дозвола. Некои од коментаторите тврдат дека државите во Западна Европа, поради негативната стапка на наталитет, ги повикуваат Косовците да се доселат. Тоа не е точно, но беше повод луѓето да тргнат – рекол Тачи во интервјуто.