Македонија Тачи ги повика МВР и ДИК што побргу да реагираат на...

Тачи ги повика МВР и ДИК што побргу да реагираат на изборните нерегуларности

Претседател на ДПА, Мендух Тачи, откако гласаше на гласачко место 1.961/1 во градинката „Младост“ во Тетово, денеска рече дека полека се создава клима на добри избори. Тој изрази надеж дека до затворањето на избирачките места нема да има некои поголеми проблеми.

– Една добра вест досега е што во Зајас, Осломеј и во Кичево 1,5 отсто гласале. Нашите набљудувачи издржуваат, стотина луѓе кои сакаат по два-три пати да гласаат се вратени назад, но апелирам до МВР и до ДИК што побргу да реагираат бидејќи во спротивно ќе имаме големи проблеми. Мислам дека полека се создава клима на добри избори. Се надевам дека до 19 часот нема да имаме поголеми проблеми – рече Тачи.