Свет Балкан Тачи: ЕУ да ја прекине изолацијата на Косово

Тачи: ЕУ да ја прекине изолацијата на Косово

Заменик-премиерот на Косово, Хашим Тачи, ја повика ЕУ да ја прекине „неправедната изолација“ на Косово.

Тачи денеска во Германија се сретна со група пратеници за Југоисточна Европа, а кои се членови на Бундестагот.

– Пред пратениците нагласив дека иднината на Косово се ЕУ и НАТО и оти на тоа е посветено косовското општество и целата политичка класа – напиша Тачи на својот фејсбук-профил.

Косово е единствена држава во целиот регион чии граѓани не можат без виза да патуваат во земја во ЕУ.