Свет Балкан Тачи е разочаран од одлуката на Брисел и ги повикува граѓаните на...

Тачи е разочаран од одлуката на Брисел и ги повикува граѓаните на протест

Министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, ги повика граѓаните на протест пред канцеларијата на ЕУ во Приштина поради вчерашната одлука на Брисел да не ја одобри визната либерализација на државата.

Како што јавуваат косовските медиуми, Тачи тврдел дека против одлуката ќе протестираат „два милиони граѓани“ и дека оваа одлука ќе ги доведе во прашање „тековните процеси“, вклучувајќи го и спроведувањето на Бриселскиот договор.

Тачи синоќа одлуката на Брисел ја нарече „дискриминаторска“ и рече дека претставува ветер во грб на екстремистите на Косово.

– Секој жител на Косово има право да биде разочаран и навреден – рече Тачи, најавувајќи „марш на милиони“ пред канцеларијата на ЕУ во Приштина.