Свет Европа СЗО: Новата вакцина против ебола е 100 проценти ефикасна

СЗО: Новата вакцина против ебола е 100 проценти ефикасна

Новата вакцина против ебола, тестирана на 1.000 лица заразени во Гвинеја, се покажала како ефикасна заштита во 100 проценти од случаите и би можела да го спречи ширењето на смртоносниот вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Здравствените стручњаци оценуваат дека резултатите од истражувањето се „извонредни“ и ги менуваат работите поврзани со оваа болест.

– Веруваме дека светот е чекор поблиску до пронаоѓањето ефикасна вакцина против ебола – изјави стручњакот за вакцини на СЗО, Мари Паул Кини, на прес-конференцијата во Женева.