Подглавна секција СЗО истражува засега неидентификувана болест во Јужен Судан што убила речиси 100...

СЗО истражува засега неидентификувана болест во Јужен Судан што убила речиси 100 луѓе досега

© WHO / Gregor Donaldson

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека ја истражува смртта на речиси 100 луѓе што подлегнале на досега неидентификувана болест во Фангак, во државата Џонглеи во Јужен Судан, извести Би-Би-Си.

Минатата седмица министерството за здравство соопшти дека непозната болест убила десетици луѓе во областа, што е една од најтешко погодените од неодамнешните поплави.

Претставник на локалните здравствени власти рекол дека се земени примероци во областа, но сите не покажале присуство на колера.

„Решивме да испратиме тим за брза интервенција на терен за да ги процени ризиците и да истражи; кога ќе земат примероци од болните, но според досега познатото, има 89 смртни случаи“, вели Шејла Баја од СЗО за Би-Би-Си.

Таа појаснува дека областа Фангак е непристапна по земја, поради поплавите, а тимовите чекаат хеликоптер што ќе ги пренесе во главниот град Џуба утре.