Свет Свлечишта во текот на ноќта голтнаа шест села во Непал

Свлечишта во текот на ноќта голтнаа шест села во Непал

Најмалку 15 лица се водат како исчезнати во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови во планинскиот регион на Непал.

Како што јавуваат локалните медиуми, во североисточниот дел на земјата шест села се целосно затрупани додека жителите спиеле. Селата се наоѓаат во недостапниот планински дел.

Свлечиштата се вообичаени во планинските области на Непал, особено во периодот на монсуните, кој почнува во јуни и ќе трае до крајот на септември.