Спорт Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра зиме

Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра зиме

Сè погласно се зборува дека терминот на одржување на Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година ќе биде зиме.

Официјалната одлука ќе ја донесе извршниот одбор на ФИФА на состанокот во Цирих, кој ќе се одржи наредниот месец.

Предлогот СП во 2022 да се игра зиме се појави веднаш откако на Катар му беше доделена улогата на домаќин, а причините за истиот се високата температура на Блискиот Исток во летниот период. Оваа идеја доби подддршка од првите луѓе на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини.