Економија Светските берзи во пораст

Светските берзи во пораст

Светските берзи денеска се во пораст, завршувајќи ја на тој начин солидно неделата по објавувањето на Американската централна банка дека рекордно ниската референтна каматна стапка ќе ја задржи подолго отколку што се очекувало.

Европските берзански индекси се во плус 1 процент, бидејќи вчера имаа значителни добивки кога беа во очекување на објавување на записникот од состанокот на Федералните резерви.

Изгледите дека првото зголемување на каматите ќе биде поместено до следната година, дадоа поттик на пазарот.

Порастот на берзите следната недела ќе зависи од објавувањето на информациите за заработките на компаниите во третиот квартал.