Економија Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,4 проценти за 2016...

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,4 проценти за 2016 година

Светската банка во најновиот извештај за економски перспективи предвидува пораст на македонската економија од 3,4 проценти во 2016 година и по 3,7 проценти во 2017 и во 2018 година.

Во извештајот се вели дека политиката, но и напливот на бегалци може да влијаат врз економиите на Западен Балкан.

Забавување на порастот на економијата на Кина, но и цените на нафтата ќе имаат негативен ефект врз другите земји во светот.