Македонија Свечена академија во Собранието по повод 550-годишнината од смртта на Скендербег

Свечена академија во Собранието по повод 550-годишнината од смртта на Скендербег

Во Собранието в среда, со свечена академија ќе биде одбележана 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег.

Како што е најавено на собранискиот календар, свечената академија ќе биде одржана во Големата купола во Собранието.

На свеченоста, обраќања ќе имаат претседателот на Собранието, Талат Џафери, директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците, Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓеорѓиев и Владо Поповски, историчар и член на Одборот за одбележување на 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

Во рамките на свеченоста ќе биде промовирана и поштенска марка со ликот на Скендербег, а по тој повод ќе се обрати и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Македонска пошта“, Фаадис Реџепи.