Македонија Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ носи шверцерски закони на штета на образованието

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ носи шверцерски закони на штета на образованието

Владејачкото мнозинство на последната седница на Собранието на Република Македонија повторно и без присуство на опозицијата изгласа нови измени на законот со кој пред две недели го формираше новиот универзитет „Дамјан Груев“, вели Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

– Со ова, власта само потврди дека закон донесен без претходни консултации, без финансиска конструкција и на шверцерски начин, нема долг рок на траење. За да биде апсурдноста поголема, за новиот универзитет, во ребалансот на буџетот за 2016 година, не е предвиден ниту еден денар! Апсурдноста на законите што криминалната власт во заминување шверцерски ги носи во Собранието е на директна штета на образовнието – изјави Сугарески.

Тој додаде дека СДСМ и коалициските партнери се против буквалното уништување на образованието со несоодвтено „штанцање“ универзитети, кои, пред сè, имаат цел да ги вдомат партиските кадри и послушниците на власта.