Економија Сугарески: Буџетот е проектиран за да ги корумпира гласачите и нема да...

Сугарески: Буџетот е проектиран за да ги корумпира гласачите и нема да го гласаме

Предлог-буџетот за 2017 година е една голема лага и на владејачката партија ѝ служи за да ги купи изборите.

Ова денеска го истакна пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, на расправата за предлог-буџетот за 2017 година.

– По образложението на предлог-буџетот од страна на министерот за финансии, може да се заклучи дека тој е една голема лага за да ги купите изборите, односно ќе послужи за корупција на гласачкото тело. Пред граѓаните требаше да ги спомнете проектите како панорамско тркало за кое се планирани 20 милиони евра и рајската градина – рече Сугарески.

Тој го праша Миноски да каже што во оваа држава не е на кредит, бидејќи патиштата, водоводите, инфраструктурните проекти се покривале од кредити, а парите од буџетот се трошеле непродуктивно.

Сугарески додаде дека опозицијата нема намера да гласа буџет за кој сметаат дека е фабричка грешка.