Македонија Судскиот совет избра четири нови судии во Врховниот суд

Судскиот совет избра четири нови судии во Врховниот суд

Фото: Мета.мк

Судскиот совет денес изврши избор на нови судии во Врховниот суд, во Кривичниот суд Скопје, како и на судии во основните судови низ земјава. Мирјана Лазарова – Трајковска, Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова се избрани за судии во Врховниот суд. Членовите на Судскиот совет не успеаја да обезбедат консензус околу изборот на уште двајца судии во Врховниот суд.

Мирјана Лазарова – Трајковска како врховен судија ќе работи на кривични предмети. Таа е долгогодишна судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Наке Георгиев во Врховниот суд доаѓа од досегашната позиција Претседател на Апелациониот суд – Штип, додека Сафет Кадрии и Лидија Мартинова досега беа судии во Апелациониот суд – Скопје.