Македонија Судскиот совет им го одзеде имунитетот на петмина судии обвинети од СЈО

Судскиот совет им го одзеде имунитетот на петмина судии обвинети од СЈО

Судскиот совет на денешната седница, затворена за јавност, донел одлука за одземање на имунитетот на судии. Од Советот не соопштуваат кои се судиите и од кои судови доаѓаат, но како што пренесуваат дел од медиумите, станува збор за петмина судии, обвинети во случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство.

Според информациите во медиумите, станува збор за Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзулаи, судии во Управниот суд, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Инаку, одлуката на Судскиот совет доаѓа по барањето на судијката од Кривичиот суд, Верка Петковска, кај која е распределен предметот „Титаник 2“, за мислење од Советот околу имунитетот на кој се повикале петмината судии.