Македонија Судот му одреди 30-дневен притвор на Игор Дурловски

Судот му одреди 30-дневен притвор на Игор Дурловски

Кривичниот суд денеска му одреди 30 дневен притвор на оперскиот пејач Игор Дурловски, кој денеска беше приведен поради насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава.

Дурловски, кој е еден од организаторите на насилните протести на „За заедничка Македонија“, се товари за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста.

Судот на пратеничката Жаклина Пешевска ѝ одреди куќен притвор, додека за другите сè уште се чека да биде објавена судската одлука.

Покрај Дурловски, МВР денеска по наредба на Основното јавно обвинителство приведе уште 35 лица, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.