Свет Свет Судирите во светот чинат 14.300 милијарди долари

Судирите во светот чинат 14.300 милијарди долари

Трошоците за судирите во светот во 2014 година достигнале цифра од рекордни 14.300 милијарди долари, што е 13,4 отсто од глобалниот домашен бруто-производ.

„Индексот на светскиот мир“ го направи австрискиот Институт за економија и мир, кој соопшти дека се работи за сума која одговара на збирното богатство на Бразил, Велика Британија, Германија, Канада, Франција и на Шпанија.

Сирија е рангирана како најмалку мирна земја во светот, додека Исланд и понатаму е најмирната држава во светот.