Свет Судир меѓу турската армија и Курдите во Сирија

Судир меѓу турската армија и Курдите во Сирија

Борци кои ги поддржуваат Курдите се судрија со турската војска во Северна Сирија, во близина на границата со Турција.

– Турски тенкови се приближија денеска во Ал-Амарнех во провинцијата Алепо, јужно од границата, и се судрија со борците кои ги поддржуваат курдските сили – изјави Рами Абдел Рахман, директор на сириската Опсерваторијата за човекови права.

Турската војска во средата ја почна операцијата „Штит Еуфрат“ во Сирија за да ги протера припадниците на Исламска држава од пограничниот регион и за да се спротивстави на напредувањето на курдските сили, кои Анкара ги смета за непријателски.

Турските власти соопштија дека целта на офанзивата е протерување на џихадистите, но и запирање на продорот на курдските „Единици за заштита на народот“ кон областите источно од Еуфрат.