Ctrl - Z Студентите од државните студентски домови нема да плаќаат партиципација за првите 11...

Студентите од државните студентски домови нема да плаќаат партиципација за првите 11 дена од март

Сите студенти кои користат легло во студентските домови во Скопје, „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Гоце Делчев“ нема да плаќаат партиципација за сместувањето и исхраната во домовите за месец март 2020 година.

Оваа одлука ја донесе управниот одбор на Државниот студентски центар „Скопје“ и се однесува на периодот од 1 до 11 март, кога стапи и одлуката на Влада за затворање на студентските домови.

На студентите кои веќе ја платиле сумата за март ќе им бидат вратени паричните средства.