Македонија Студено време со слаб северен ветер

Студено време со слаб северен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 8 Целзиусови степени до нула, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 2 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 6 степени.