Македонија Студено утро со температурa под нулата, сончево време во текот на денот

Студено утро со температурa под нулата, сончево време во текот на денот

Температури под нулата изутринава има во цела Македонија, а најниските се измерени во Берово 10 Целзиусови степени под нулата и во Скопје минус осум Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 6 до 12  Целзиусови степени.

Под влијание на влажен бран утре попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.