Култура Сценографот Светозарев вторпат директор на битолскиот театар

Сценографот Светозарев вторпат директор на битолскиот театар

Валентин Светозарев, поранешниот директор на Битолскиот народен театар, вторпат доби шанса да биде на чело на оваа национална установа во Битола. Светозарев, кој е сценограф по професија, пред шест месеци, во април годинава, му истече првиот мандат, така што во меѓувреме вршител на должноста беше костимографот Благој Мицевски.

На почетокот од септември Светозарев се враќа во директорската фотелја.

Челната позиција во битолскиот театар беше амбиција на повеќемина културни работници во градот, режисери, како и актери во театарот. Но, според многумина, беше извесно дека Светозарев повторно ќе се врати на истата позиција.

Во Битола допрва ќе следуваат промени во директорските фотелји на повеќе установи од културата. Се очекуваат нови директори во библиотеката „Св Климент Охридски“ , во Музејот и во Центарот за култура во Битола.

А.Б.