Хроника Стружанка – жртва на филмско грабнување

Стружанка – жртва на филмско грабнување

Жртвата била најдена на клупа на плажа

Струшката полиција вчера добила пријава за грабнување, а жртва била четириесет и двегодишна жителка на градот. Како што информираат оттаму, случајот го пријавил локален адвокат, кој рекол дека грабнувањето се случило меѓу 9 и 9.20 часот на улицата Маршал Тито.

Стружанката била пронајдена околу 13 часот на клупа на плажа, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Според пријавата, жртвата, С.К.(42), изутрината излегла од филијала на Тутунска банка и се движела кон пекарата „Алмико“, кога била пресретната од жена која преку устата и носот ù ставила некоја течност, а потоа ја внела во автомобил, што го управувало друго женско лице на возраст од околу 50 години. Во возилото, на стружанката преку лицето ù била ставена марама, а по дваесетина минути возење двете жени ја однеле во просторија на непозната локација, откако предходно ù ја зеле чантата во која имало околу 2.000 евра.