Економија Странски инвестиции во март годинава двојно помалку од лани

Странски инвестиции во март годинава двојно помалку од лани

Директните странски инвестиции во март годинава изнесуваат 20,4 милиони евра, што е двојно помалку во однос на истиот период лани, кога во државата влегле странски инвестиции во вредност од 44 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка во Македонија.

Во првиот квартал, приливот на странски капитал достигнал 69 милиони евра и е за околу 40 милиони евра помалку споредено со првиот квартал минатата година, кога во државата влегле 108 милиони евра странски инвестиции.